Објавено на:

(Вознемирувачко видео) Терористи на Хамас егзекутираат четворица израелски цивили

t

Ново видео сведочи за ужасот на терористите на Хамас. Имено видеото покажува како терористите на Хамас грабнуваат невини израелски граѓани од нивните домови и ладнокрвно ги егзекутира.

Автентичноста на видеото, кое првично беше поставено на Телеграм на 8 октомври, беше потврдено од Вашингтон пост. На него се прикажани неколку трупови на улица во Беери, кибуц во јужен Израел, неколку метри од местото каде што милитантите на Хамас снимале киднапирања на луѓе кои ги користеле како заложници.

На оригиналното видео се гледаат четворица израелски граѓани како насилно се влечени од Хамас.

На видеото несреќните луѓе изгледаат како да имаат врзани раце зад грб. Всушност, дел од киднапираните граѓани се движеле боси. Најверојатно биле насилно извлечени од нивните домови. Лицето што го снима видеото вика на групата додека се приближуваат до раскрсницата чувана од порта, која води од Беери кон Газа.

Потоа следи второ видео на кое се гледаат четири тела во близина на оваа капија. И ова видео првично беше поставено на Телеграм на 8 октомври и неговата автентичност беше потврдена од независни медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини,…

Сите мини во меѓународните води на Ормуска…

Почина Доли Партон, кралицата на кантри музикат

Легендарната американска пејачка и авторка Доли Партон…

Некој пукал во бик со воздушна пушка…

Жител на тетовското село Волковија пријавил во…

32 бебиња се родиле викендов на ГАК!

Клиниката за Гинекологија и акушерство информира дека…

Ален Рустемовски обезбеди медал за Македонија во…

Македонскиот боксер Ален Рустемовски имаше уште еден…