Објавено на:

(Вознемирувачко видео) “Човек” од Скопје малтретира и фрла мачка

t

Извесен Д.Д. од населба Лисиче, Скопје на најсуров и монструозен начин малтретира и повредува мачка, реагираат од „Анима мунди“. Од Здружението велат дека кај нив вчера реагирал сопственикот на мачката и дека ова видео е само дел од долготрајното психопатско изживување врз мачката.

Според сведоштвата, ја удирал од земја неколкупати со што и нанел очигледни повреди и траума.

Ваквите слики од млади лица кои судејќи по смеењето во позадина на видеото и задоволството во изживување врз живо битие се скоро секојдневие и аларм за тоа каква младина продуцира ова општество и која би била следната жртва на насилниците од овој калибар.
Млади лица, небаре деца кои покажуваат волку ниска свест, нула емпатија и се изживуваат, убиваат животни подоцна нивната агресија според стручни лица можат да ја применат и на луѓе.
Бараме од надлежните институции да превземат соодветни дејствија и да има одговорност во овој случај, да се интервенира навремено кај овој млад човек и превенираат вакви случки во иднина.
Недозволиво е било кое живо суштество да е мета на насилници со вакво девијантно и монструозно однесување, велат од „Анима мунди“.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВЛЕН: Скопје и Приштина сè поблиску, се…

Од Скопје до Приштина со воз за…

Ѓорѓиевски: Драстично ги намалуваме новите вработувања во…

Драстично ги намалуваме новите вработувања во Град…

Акција во Прилеп и Скопје: Сузбиена група…

Полицијата сузби 21-члена организирана криминална група од…

Ѓорѓиевски: Завршена постапката за набавка на автобусите,…

Завршена е постапката за набавка на новите…

Протестен марш во Скопје за поддршка на…

Со почеток во 14 часот во Скопје…