(Вознемирувачко) Објавен тонски запис од масакрот во Врачар! „Ве молам не излегувајте, некој влезе во училиштето со пиштол“
Објавено е вознемирувачко видео од пукањето во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, на кое ученикот од седмо одделение Коста Кецмановиќ ликвидирал осум свои соученици и чуварот на белградското училиште.
Вознемирувачкото видео од една од училниците започнува во моментот кога се слушаат првите истрели, но учениците се уште не знаат за што се работи, а некои од нив дури и се смеат, додека наставникот ги смирува.
„Седнете, седнете“, им вели наставничката на децата кои почнале да се смеат кога се слушнале првите истрели мислејќи дека најверојатно станува збор за петарди.
Набргу потоа од ходникот се слушаа плач на деца кои врескаа и бараа помош.
Истрелите продолжија да се слушаат, а гласот на децата кои молеа за помош стануваше се погласен и поблиску до училницата во која се наоѓаа децата.
„Ве молам, помогнете“, на снимката се слуша гласот на девојката од ходникот.
Наставничката веднаш реагирала и ги замолила децата да не излегуваат од училницата. „Ве молам, не излегувајте. Ве молам, некој влезе со пиштол“, рече учителката.
Целата снимка можете да ја слушнете тука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен в петок доаѓа во…
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…
Иран со директна закана кон нафтениот пазар:…
Претседателот на иранскиот парламент Мохамад Багер Галибаф…
Зошто би сакале да се смени Филипче,…
ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагира на наводите за…
Муцунски: Бугарија прави штета на регионалната стабилност
Во овој момент нема услови за спроведување…
Нова ноќ на масовни руски напади: Погоден…
Русија изврши нов голем бран воздушни напади…