Возовите повторно суспендирани пред протестите во Србија, наводно во сите имало бомби
Компанијата „Србијавоз“ објави дека добила анонимна дојава дека на сите возови и пруги се поставени експлозивни направи и дека целиот патнички сообраќај е привремено суспендиран.
Во соопштението на веб-страницата на компанијата се наведува дека сообраќајот на сите патнички возови е суспендиран додека надлежните државни органи не ги извршат потребните проверки.
Меѓуградскиот железнички сообраќај во Србија беше суспендиран и кон средината на март кога се одржа голем протест во Белград.
„Србијавоз“ исто така објави дека добиле дојава за бомби во возовите.
Нов граѓански протест е закажан за сабота, 28 јуни, во Белград на повик на студентите во блокадата.
Студентите во блокадата бараат распишување предвремени парламентарни избори и утврдување на одговорноста за уривањето на настрешницата во Нови Сад, во која загинаа 16 лица.
Во меѓувреме, неколку дена пред студентскиот протест во Белград, низ цела Србија се случуваат апсења. Властите најавија дека ќе има уште, а некои во јавноста предупредуваат дека се случуваат „заплашувања“ пред демонстрациите закажани за 28 јуни.
Седум лица беа уапсени во две одделни акции. Студент на Универзитетот во Белград е обвинет за повикување на „насилна промена на уставниот поредок“, а останатите шестмина се обвинети за планирање „насилна промена на власта“ во Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Постигнати спогодби со осомничените за транспорт на…
Случајот со транспортот на марихуана од Македонија…
„Њујорк тајмс“: Русија обучувала групи во Србија…
Руски оперативци поврзани со военната разузнавачка служба…
Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација…
Премиерот Христијан Мицкоски не сакаше да ја…
(Видео) Пукна трпението во Горњи Милановац –…
Во знак на протест поради рестрикциите на…
„Не ѝ служам ниту на Америка, ниту…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека…