Волково е заштитетно, изгаснат пожарот во близина на Лепенец
Со брза координација на единиците на Територијалната противпожарна заштита – Скопје, пожарот на локацијата во близина на реката Лепенец во текот на вечерта и денешниот ден е целосно изгаснат, информираше градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојкоски кој денеска излезе на терен.
Тој упати голема благодарност до пожарникарите за професионалната и навремена реакција, како и до приватната компанија „Ленди Груп“ за несебичната поддршка со механизација на терен.
– Во моментов се врши потрпување со земја, а дополнително се блокираат пристапите од правец на Лепенец, Ново Село и кај Коњичкиот клуб во Волково. Во функција останува само еден контролиран пат, со цел непречено и безбедно движење на жителите и потребната механизација. Апелирам до сите граѓани да бидат внимателни, одговорни и да не се движат кон локацијата без потреба, порача Стојкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп не исклучува вонредни мерки пред изборите:…
Американскиот претседател Доналд Трамп одби да ја…
„Албанија што гори е Албанија на сите…
Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, изрази длабока…
Излезеноста во Брвеница до 17 часот 39,34…
Гласањето на предвремените избори за градоначалник на…
Зеленски: Русија го нападна украинскиот енергетски сектор…
Русија го нападна украинскиот енергетски сектор и…
Трамп официјално го поддржа Нетанјаху пред изборите…
Американскиот претседател Доналд Трамп официјално му даде…