Волку зависни од Белград не сме биле ни во време на ЈУГОСЛАВИЈА

t

Две години веќе како Македонија е во криза. Започна со здравствената, продолжи со економската, потоа се префрли на енергетска, а од пред некој ден се заканува и прехрамбена криза.

Кога започна здравствената криза, односно корона кризата пред точно две години, цел свет стравуваше, но и бараше решение. Кога снемуваше маски, медицински ракавици, средства за дезинфекција… светот бараше решение како да обезбеди, само Македонија чекаше прво Белград да набави, па доколку тоа го сторат, ако може да ни дадат и нас.

Потоа следеа тестовите кои се правеа за коронавирусот, кога светот набавуваше во големи количини со цел да го тестира населението и да направи скриниг за да знае со што се соочуваат, Македонија и тие малку тестови што ги имаше ги наплаќаше „изгор скапо“ со цел да профитираат поединци.

Потоа кога веќе се поизвесно беше дека ќе се најде вакцина против овој смртоносен вирус, кој цели две години не затвори дома и не изолираше од се, Македонија повторно чекаше помош и молеше да добие вакцини од Белград.

За разлика од нас, Белград и Александар Вучиќ како „гладни кучиња“ за корка леб се бореа да набават една вакцина плус со цел да си го заштитат народот. Ни дадоа и нас… цела една кутија која можеше да се стави во еден гепек од автомобил, ама ние отидовме со комбе и со пола влада да направиме примопредавање…

Потоа стигна на ред и енергетската криза, Македонија снема јаглен, увезува струја, додека Белград на време се обезбеди.

И кога веќе мислевме дека завршува корона кризата, дека полека ќе се стабилизираме, пред осум дена почна војната во Украина.

А војна како војна си има последици, не само во земјата која се случува, туки и во целиот свет. Цените рипаат, тензии растат, народот стравува…

Неколку дена откако почна војната и се одмрзнаа цените на продуктите бидејќи помина забраната од владата, Македонците ги испразнија маркетите.

Но, секоја војна носи последици. Овој пат војната во Украина ќе не погоди по се изгледа силно. Државите прават резерви на прехрамбени продукти, пченка, пченица… но Македонија правела но најверојатно не доволно, па повторно бараме и го МОЛИМЕ Белград и Александар Вучиќ, па така во една изјава тој рече дека ќе набават 50.000 тони пченица и за Македонија.

Но, не е спорно како што вика претседателот Пендаровски да бараме доколку сме мали и не толку моќни од соседите, но претседателот во вчерашното интервју на Сител беше многу контрадикторен.

Во еден одговор вели дека не е срамота да побараме помош, а во друг вели дека Македонија имала информации уште на 5-ти ноември дека ќе има војна во Украина.

Па оттука се поставува прашањето, зошто кога сме знаеле како држава дека ќе има војна не сме се обезбедиле на време? Владата набави златни лажици за премиерот, но по се изгледа ќе нема што да јаде со нив!

Заклучокот на целава ситуација е дека ВОЛКУ ЗАВИСНИ ОД БЕЛГРАД НЕ СМЕ БИЛЕ НИ ВО ВРЕМЕ НА ЈУГОСЛАВИЈА!!!

Пишива: Ристе Здравков за Курир мк.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕК: Србија и Косово ризикуваат да загубат…

Србија и Косово треба конструктивно да се…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот и…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот,…

(Видео) Мистериозна појава е снимена синоќа на…

Мистериозна појава е снимена синоќа на небото…

Земјотрес рано утрово во Србија

Денеска во 07:37 часот земјотрес со јачина…

Дачиќ за 9 мај: Не смееме да…

Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на…