Објавено на:

Володин: Русија стана најголема европска економија

t

Русија во последните десет години стана најголемата европска економија, без оглед на санкциите и влезе во првите пет светски лидери, напиша на социјалните мрежи претседателот на Руската Дума Вјачеслав Володин.
„Русија, и покрај тоа што и беа воведени над 17.500 санкции, во тие десет години стана најголемата европска економија и влезе во првите пет светски лидери. Санкциите како бумеранг ги погодија иницијаторите. „САД го загубија своето економско лидерство, но европските земји се уште повеќе погодени“, посочи тој.

Володин објасни дека за да се изгради проактивна економија, неопходно е да се поддржат домашните производители, да се зајакне технолошкиот суверенитет и да се формираат нови современи индустриски капацитети. Според него, важно е да се изгради ефективен дијалог со претставниците на бизнисот.
Тој најави дека за октомври е планирана седница на која ќе се разговара за плановите за развој на малите и средни компании.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Воен авион се урна во Русија, загинаа…

Тешка авионска несреќа со воен авион се…

Русија се закани со нуклеарен одговор во…

Руската амбасада во Велика Британија денеска предупреди…

Грчкиот раст и натаму е над европскиот

Грција и натаму бележи повисок економски раст…

Украинскиот град Олешки се соочува со глад…

Украинските сили доставија околу 4 тони храна…

Русија тестираше борбен ласер против беспилотни летала…

Припадници на руските единици за радиолошка, хемиска…