Објавено на:

Волонтери од Кредисимо го подготвуваа живеалиштето на малите лавчиња

t

Тим волонтери од вработени во Кредисимо (Credissimo) и вработени во ЗОО Скопје организираа заеднички волонтерски ден, кој се оддржа во зоолошката градина. Учесниците во активноста го подготвуваа живеалиштето за трите мали лавчиња кои се родија во март и наскоро посетителите ќе можат да ги видат. Покрај нивното живеалиште, учесниците ги освежија и живеалиштата на уште неколку други животни кои имаа потреба од бојадисување.

Скопје ЗОО која во изминатите години стана една од најпосетените локации во Скопје и пошироко, во континуитет работи на подобрување на условите на зоолошката. А на последната активност преку платформата Активирај се навреме се приклучија и Кредисимо кои како компанија постојано вложуваат во заедницата и се секогаш отворени за соработка.

Од компанијата велат дека им претставува чест и задоволство што имаа можност да бидат дел од освежувањето на зоолошката градина во Скопје. Преку заедничко дружење сите учесници во проектот ја покажаа грижата, љубовта кон животните и придонесоа за почиста и посредена зоолошка – која игра важна улога во културно-забавниот живот на градот речиси 100 години.

„Мило ми е што Кредисимо како сериозна општествено одговорна компанија придонесува за поубава зоолошкa градина. Во наредниот период преку следниот заеднички проект ќе работиме и на поголема едукација за животните на секој  посетител“, изјави Кристијан Стаменов, директор на Зоолошката градина во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Волонтери од Кредисимо го подготвуваа живеалиштето на…

Тим волонтери од вработени во Кредисимо (Credissimo)…