Објавено на:

„Волстрит журнал“: Израел ќе ги потопи тунелите во Газа?

t

Израелските власти ја разгледуваат можноста за потопување со морска вода систем од подземни тунели во кои, како што смета израелската војска, се кријат борци на палестинското движење Хамас, што може да доведе до еколошка катастрофа и дополнително да ја влоши состојбата со слатката вода во енклавата, пишува „Волстрит журнал“, повикувајќи се на извори во американската администрација.


Според информациите на порталот, во средината на ноември израелските одбранбени сили ја завршиле инсталацијата на пет пумпни станици во близина на бегалскиот камп „Ел Шати“, кои можат да испумпуваат вода од Средоземното Море и да ги поплават тунелите за неколку недели.
Израелските власти се уште немаат донесено конечна одлука за ваков чекор, а мислењата се поделени и во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која беше информирана од Тел Авив за таквата можност.


Имајќи предвид дека степенот на водонепропустливост на тунелите е нејасен, речиси е невозможно да се пресмета влијанието на обидите за нивно поплавување врз почвата и подземните води, ниту да се знае што ќе се случи со водоводниот и канализациониот систем во енклавата. Освен тоа, постои можност поради поплави до земјата да стигнат и опасните материи кои најверојатно се наоѓаат во тунелите, чија должина би можела да биде и до 500 километри.
Како што забележува „Волстрит журнал“, некои поранешни американски функционери сметаат дека ваквата мерка може да ги доведе Бајден и неговата администрација во тешка ситуација и да доведе до осуда од целиот свет.


Истовремено, во времето потребно за поплавување на тунелите, милитантите кои се кријат таму ќе можат да ги напуштат. Според еден поранешен агент на ЦИА, поплавувањето на тунелите на долг рок може да го принуди Хамас да ги напушти, но ако во нив се испушти солена вода, „тоа би можело да ја влоши хуманитарната криза“ во енклавата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нетанјаху: Израел не е вазална држава, во…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска на состанок…

Oчајна слика во Рафа: Палестинците во обид…

Семејството Ансеир ги натовари своите скудни работи…

Ердоган: Xитлеp би позавидел на геноцидните методи…

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, денеска…

Протести во Тел Авив, Израелците бараат ослободување…

Илјадници Израелци излегоа синоќа на улиците барајќи…

Бајден: Прекин на огнот во Газа е…

Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави во саботата…