Волстрит: Нови рекорди за Nasdaq и S&P 500, инвеститорите го следат и конфликтот меѓу САД и Иран
Американските берзански индекси забележаа раст во петокот, откако извештајот за вработеноста во САД ги надмина очекувањата на аналитичарите, додека инвеститорите внимателно ја следеа и ситуацијата меѓу САД и Иран.
Индексот S&P 500 порасна за 0,84 проценти и тргувањето го заврши на 7.398,93 поени, додека Nasdaq Composite скокна за 1,71 процент на 26.247,08 поени. Двата индекса во текот на денот достигнаа нови историски максимуми и затворија на рекордни нивоа.
Dow Jones Industrial Average забележа минимален раст од 12,19 поени, односно 0,02 проценти, и достигна 49.609,16 поени.
Сите три главни американски индекси неделата ја завршија во позитивна територија, пред сè благодарение на силните резултати на технолошките компании.
Nasdaq на неделно ниво порасна за 4,5 проценти, додека S&P 500 зајакна за 2,3 проценти. За двата индекса ова е шеста последователна недела на раст, што е најдолга таква серија од 2024 година.
Dow Jones заостана со поскромен неделен раст од 0,2 проценти.
Дополнителен оптимизам на пазарите донесе и извештајот на американското Биро за статистика на трудот, според кој бројот на вработени надвор од земјоделскиот сектор во април се зголемил за 115.000, значително повеќе од очекуваните 55.000 нови работни места.
Стапката на невработеност останала стабилна на 4,3 проценти, во согласност со очекувањата на пазарот.
Во меѓувреме, инвеститорите продолжуваат внимателно да ја следат ситуацијата на Блискиот Исток и можните последици врз енергетските пазари.
Цените на нафтата благо пораснаа по размената на оган меѓу САД и Иран во Ормутскиот теснец. Терминските договори за американската WTI нафта пораснаа за 0,64 проценти и достигнаа 95,42 долари за барел.
Американската Централна команда соопшти дека американските сили „пресретнале неиспровоцирани ирански напади и одговориле со акции во самоодбрана“ додека три американски разурнувачи минувале низ Ормутскиот теснец.
Американскиот претседател Доналд Трамп на мрежата Truth Social објави дека американските разурнувачи не претрпеле штета, но дека „голема штета им е нанесена на иранските напаѓачи“.
Тој истовремено порача дека примирјето и понатаму е на сила, опишувајќи ги американските напади како „само благ удар“.
Пазарите и претходниот ден реагираа на изјавата на висок ирански функционер дека Иран нема да дозволи САД повторно отворање на Ормутскиот теснец преку „нереален план“, со порака дека Вашингтон нема да може да излезе од конфликтот без „плаќање репарации за причинетата штета“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Волстрит: Нови рекорди за Nasdaq и S&P…
Американските берзански индекси забележаа раст во петокот,…
Меџити: Вреди сега е единствена партија на…
Гласачите бараа да не видат како една…
Фидан: Израелскиот експанзионизам е клучниот безбедносен проблем…
Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан…
Николовски дава исказ пред обвинител: Добил пријава…
Екс министерот за земјоделство, шумарство и водостапнство…
Љупчо Николовски повикан во СВР Скопје на…
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство…