„Волстрит џурнал“: Трамп наложил решавање на украинскиот конфликт во рок од 100 дена
Американскиот претседател Доналд Трамп го задолжи својот специјален пратеник за Украина, Кит Келог, да стави крај на украинскиот конфликт во рок од 100 дена, пишува „Волстрит џурнал“.
Според американскиот весник, тој оценува дека „да се постигне договор со рускиот претседател Владимир Путин ќе биде многу потешка задача отколку што Трамп ја претстави за време на изборната кампања, кога рече дека ќе стави крај на конфликтот пред да ја преземе функцијата шеф на државата“.
Според извори на „Волстрит журнал“, новиот американски лидер има намера лично да го контролира напредокот на преговарачкиот процес за Украина.
Соговорниците на весникот од редот на поранешните колеги на Келог тврдат дека тој не може да се нарече независна фигура, бидејќи, како што велат, тој целосно зависи од мислењето на Трамп.
Поради оваа причина, на Келог, наводно, „нема да му се доверат никакви вистински преговори“ меѓу САД и Русија, додава весникот.
На 7 јануари Доналд Трамп призна дека решавањето на конфликтот во Украина може да потрае подолго од 24 часа што тој ги наведе за време на изборната кампања. Келог, од своја страна, рече дека би сакал да ја заврши задачата во рок од 100 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Путин постојано наоѓа изговори за да…
Русија бара каков било изговор за да…
Нови руски напади ги нарушија интернет и…
Продолжуваат целенасочените руски напади врз клучните точки…
Свештеник почина по напад со нож во…
Еден свештеник почина, а уште четири лица…
Ердоган до Зеленски: Турција е подготвена да…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…
Рубио: Русија и Украина се заинтересирани за…
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска изјави…