Објавено на:

„Вол Стрит Журнал“: Овие намирници би можеле драстично да поскапат во 2022 година

t

Се’, од кафе до сенф оваа година би требало да поскапи, пишува „Вол Стрит Журнал“. Многу произведувачи на храна велат дека цените ќе ги зголемат во 2022 годиа, а тоа значи дека луѓето во продавниците ќе плаќаат повеќе за своите намирници.

-Не постои ништо што е имуно на раст на цената, вели Тону Сарсан од компанијата SpartanNash Co. која се занимава со продажба и дистрибуција на прехранбени производи. Додава дека некои млечни производи, лебот и соковите се меѓу намирниците кои ќе поскапат.

Се проценува дека цената на намирниците во првата половина од 2022 година ќе порасне за 5 проценти.

Од познатата компанија Mondelez International, која стои зад многу слатки производите, истакнале дека ќе ги зголемат цените на бисквитите, слатките и останати производи за 6 и 7 проценти.

Од Heinz, пак,велат дека цената на некои нивни производи ќе порасне и до 20%.

„Вол Стрит Журнал“ пишува и дека растот на цените во 2022 година ќе варива меѓу 2 и 20 проценти.

Поскапување ќе има и кај компирот и целеротм виното, пивото и останатите алкохолни пијалаци, особено кај увозните.

Се очекува поскапување и на мајонезот и смрзнатите готови јадења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ди Цајт: Победа на Русија ќе значи…

Русија не треба да ја добие војната…

Фич: Нафтата следната година може да порасне…

Конфликтот на Блискиот Исток се заканува дека…

Цигарите поскапеа за 10 денари, два месеци…

Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа…

Путин: Земјите од “златната милијарда” го експлоатираат…

Современите кредитни односи се организирани на тој…

Интересни статистики – КИНА ИМА ДВА МИЛОНИ!…

Твитер профилот "World of statistics" објави податоци…