ВОНРЕДНА ИНСПЕКЦИЈА: ДСЗИ се огласи по смртта на беровчанецот Јован
Државниот санитарен и здравствен инспекторат информира дека денеска е извршен вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ КБ Штип по допрен глас за настанат смртен исход кај пациент Ј.Д од Берово по извршена хируршка интервенција на заб .
-Инспекцискиот надзор во клиничката болница е се уште во тек. Доплнително ќе се извршат и вонредни инспекциски надзори во сите здравствени установо каде пациентот побарал лекарска помош и тоа: матичен лекар, матичен стоматолог , итна медицинска помош Берово и ЈЗУ ТОАРИЛУЦ-ОЕ за анестезија, ренимација и интензивно лекување – Скопје при што ќе биде обезбедена медицинската документација поврзна со лекувањето на пациентот. По завршување на инспекцискиот надзор ќе се изготви комплетна информација.за констатирана фактичка состојба за која дополнително ќе бидете информирани, се наведува во соопштението.
Од страна на ДСЗИ ќе се иницира и формирање на комисија за стручен надор до министерот за здравство .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…
Земјотрес со јачина од 6,8 степени според…
Денес се празнува Светиот Архистратиг Михаил и…
Од длабоката древност Божјите ангели се празнувани…
Видете какво ќе биде времето денес
Во утринските и во раните претпладневни часови…
Ја претепале, ја снимале и ѝ ги…
Две малолетнички од Скопје се приведени откако,…
Од 24 на само 4 степени во…
Голем температурен пад за само 24 часа…