Вонредна состојба во Португалија: Седуммина загинаа, во земјата беснеат над 100 пожари
Најмалку седум лица загинаа во пожарите што избувнаа во областите Авеиро и Визеу во Португалија.
Во земјата моментално беснеат над 100 пожари, а меѓу загинатите има и пожарникари и цивили.
Владата прогласи вонредна состојба во областите најтешко погодени од пожарите, вклучително и областа Авеиро, јужно од Порто.
Неколку големи пожари беснеат во други шумски области.
Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума.
Националната гарда соопшти дека од саботата уапсила седум лица осомничени за подметнување пожар во областите Леирија, Кастело Бранко, Порто и Брага.
Премиерот Луис Монтенегро ги повика полициските инспектори да ги удвојат напорите за пронаоѓање на одговорните за подметнувањето на пожарот и вети помош на загрозените.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЦУК: Активни се четири пожари
Активни се четири од 14 регистрирани пожари…
Португалија стана првата земја од ЕУ што…
Португалија стана првата земја-членка на ЕУ што…
Пожарите во Штип и кај Пробиштип се…
Чистење двор или спој на разлабавени електрични…
Португалскиот известувач во сенка: Унијата не смее…
Дебатата за европската иднина на Западен Балкан…
Опожарени две возила во скопски Аеродром
Во раните утрински часови во Скопје избувнал…