Објавено на:

Вонредни прекини на струја во Киев и 11 региони поради руските воздушни напади

t

Украина значително ги прошири вонредните рестрикции на струја по неколку ноќи на руски воздушни напади насочени кон енергетскиот сектор на земјата, соопшти денеска државниот оператор Укренерго.

Струјата ќе биде исклучена за потрошувачите во Киев и уште 11 региони во источна и централна Украина, вклучувајќи ги Харков, Полтава, Днипропетровск и Запорожје, на подолг временски период, се наведува во соопштението на компанијата.

„Претходните планови за постепени исклучувања се привремено суспендирани“, соопшти Укренерго.

Според локалните медиуми, за многу населби во Киев ова значи дека ќе имаат струја околу 12 часа во текот на денот. Во многу станови, водоснабдувањето се прекинува заедно со електричната енергија.

Голем број продавници, ресторани и банки обезбедуваат струја за најнужни потреби со помош на дизел генератори.

Руската армија предизвика дополнителна штета на украинскиот енергетски систем со масовните воздушни напади извршени во понеделникот и вторникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДЕСЕТМИНА ПРИВЕДЕНИ ВО СРБИЈА: Осомничени дека со…

Српското Министерство за внатрешни работи спроведе акција…

Трамп не се помирува со поразот: Објави…

Американскиот претседател Доналд Трамп се огласи по…

Мицкоски од Диселдорф: Македонија 15 години не…

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека Македонија веќе…

Во Солун уапсен маж кој се барал…

Во Солун синоќа бил уапсен 43-годишен маж,…

Клековски најави формирање комисија за случајот со…

Министерот за здравство Сашо Клековски најави формирање…