Вонредно предупредување од Поповски: Викендов обилни врнежи и поплави, а потоа вистинска снежна бура!
Прогнозерот Славчо Поповски за икендов најавува најпрво поплави, а потоа и снежна бура на Балканот и во Македонија.
Во продолжение неговара објава на Фејсбук.
– ВЕ ЗАМОЛУВАМЕ ДА ЈА СПОДЕЛИТЕ ОВАА ВОНРЕДНА ВЕСТ!
ВОНРЕДНА НАЈАВА! Вистинска снежна БУРА доаѓа за време на викендот, како и во почетокот од следната седмица во регионот. Интензивни врнежи најпрвин од дожд и можни се локални ПОПЛАВИ а потоа со продорот на МНОГУ ПОСТУДЕН воздух од север снег ќе има во поголемн дел од Балканскиот Полуостров. Понекаде и тоа особено во планинските предели се очекува дури повеќе од 20-30 цм нов снег. Во Алпскиот регион се очекува нов снег дури и повеќе од 100 цм. Се работи за МОЌЕН ЦИКЛОНСКИ СИСТЕМ и истиот ќе ја зафати и Македонија за време на викендот и во почетокот од следната седмица. Можни се локални ПОПЛАВУВАЊА и во Македонија а се очекува и СИЛЕН ветер во цел регион, како и во Македонија. Токму поради ваквата состојба ПРЕПОРАЧУВАМЕ КРАЈНА ПРЕТПАЗЛИВОСТ! Понатаму следуваат нови и детални информации околу овој моќен циклон, вели Поповски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Конечно: Следува период на стабилно и потопло…
Променливо облачно со сончеви периоди. Во источните…
Метео: Денес дожд, утре наутро температури и…
Променливо облачно со повремени локални врнежи од…
Метео: Облачно, студено и со снег!
Од УХМР јавуваат дека времето денес ќе…
Силна бура и дожд во Грција: улиците…
Бурата „Адел“ ја зафати Атика, носејќи силни…
Во среда локални врнежи од дожд –…
Сончево со мала до умерена локална облачност.…