Вооружен маж се забарикадирал во работилница во Грција и се заканува со граната, претходно убил две лица

t

Маж, кој тврди дека убил две лица, се забарикадирал вооружен со граната во столарска работилница во селото Гонои, во грчката област Тесалија, а на местото на настанот се распоредени специјални полициски сили, јавуваат денеска грчките медиуми.

Осомничениот, кој има околу 60 години, се јавил во полиција велејќи дека убил две лица, а полициските службеници потоа го пронашле телото на една од жртвите, за која се верува дека е од ромска етничка припадност, пишува Екатимерини.

Локалните медиуми јавуваат дека осомничениот е познат по неговата политичка активност во екстремно десничарската партија Златна зора, а претходно бил нејзин кандидат за пратеник.

Во моментов се водат полициски преговори со осомничениот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција: Уапсени родители на четиримесечно бебе кое…

Полицијата во грчкиот град Патра, на југот…

Стотици луѓе на улиците во Атина поради…

Стотици луѓе протестираа на улиците во Атина…

Разбиена голема мрежа за даночни измами во…

Грчките власти разбиле голема мрежа за даночни…

Разбиена мрежа за шверц на мигранти во…

Грчката полиција разби наводна мрежа за шверц…

Грција ги забрани социјалните мрежи за деца…

Децата помлади од 15 години во Грција…