Војната може да и нанесе поголема штета на европската економија отколку пандемијата
Главниот извршен директор на германскиот производител на автомобили „Фолксваген“, Херберт Дис предупреди дека долготрајната војна во Украина може да биде „многу полоша“ за европската економија отколку пандемијата на коронавирусот, објави денеска „Фајненшл тајмс“.
Прекинот во глобалните синџири на снабдување „може да доведе до големи зголемувања на цените, недостиг на енергија и инфлација, изјави Дис за лондонскиот весник.
Тој, исто така, верува дека долготрајниот конфликт во Украина може да ја соочи Европа со огромна закана од висока инфлација, според „Фајненшл тајмс“.
Производителите на автомобили, вклучително Фолксваген, БМВ и Порше, имаат проблеми да набават кабли за автомобили, кои досега ги набавуваа во западна Украина. Овие погони сега се затворени поради руската инвазија, па производителите на автомобили се принудени да го намалат производството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Узбекистан потпиша енергетски договори вредни 4,7 милијарди…
Узбекистан потпиша шест енергетски договори во вредност…
Вештачката интелигенција сама пробила компјутерски системи
Индиските власти потврдија случаи во кои вештачка…
Британскиот премиер ја отфрли можноста за нов…
Британскиот премиер, Енди Бернам, ја отфрли можноста…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Германската агенција за вработување се противи на…
Германската влада планира да ја преполови квотата…