Војната против Иран ја чинеше Америка 48,3 милијарди долари, соопшти Пентагон

t

Американската војна против Иран до 13 ноември чинела 48,3 милијарди долари, изјави претставник на Пентагон пред законодавците во Вашингтон.

Во оваа сума не се вклучени трошоците за поправка на американските воени објекти оштетени во иранските напади низ Блискиот Исток.

Артур Милер, претставник на Пентагон задолжен за буџетот, кој е предложен за функцијата финансиски контролор на Воената морнарица на САД, го соопшти овој податок за време на сослушувањето пред Комитетот за вооружени сили на американскиот Сенат.

Најновата процена претставува зголемување од околу 27 отсто во однос на претходната процена од 38 милијарди долари, која на 1 август ја објави Конгресната буџетска канцеларија.

Вкупната сума ги опфаќа трошоците за муниција, замена на воената опрема и воените операции, изјави Милер, додавајќи дека нема процена за дополнителните трошоци за поправки.

Претседателот на Комитетот за вооружени сили на Сенатот, републиканецот Роџер Викер, побара од Милер овие податоци да ги достави во најкус можен рок.

Штетата на американските воени објекти во регионот би можела да изнесува меѓу пет и 15 милијарди долари, објави минатиот месец „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од Пентагон, пренесе кинеската новинска агенција „Синхуа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Војната против Иран ја чинеше Америка 48,3…

Американската војна против Иран до 13 ноември…

Градоначалникот на Белград обвинет за нанесување тешки…

Oсновно јавно обвинителство во Белград поднесе до…

Две руски ракети паднаа на територија на…

Додека илјадници европски војници во Полска ги…

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ…

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во…

Еден купувач е доволен за продажба на…

Со оглед на тоа што Народната банка…