Објавено на:

,,Војна” на великаните во ЛШ: Манчестер С. против Баерн во четвртфиналето, Милан против Наполи – ,,најлесно” помина Интер

t

Ждрепката за четвртфиналето и полуфиналето во Лигата на шампионите донесе интересни и атрактивни двобои по различна основа.

Најголемото дерби во поглед на фаворитската улога оваа сезона, дефинитивно е меѓу Манчестер сити и Баерн Минхен. Актуелниот и поранешниот тим на Пеп Гвардиола ќе се сретнат прво на „Етихад“, на 11/12 април, а потоа ќе играат реванш во Минхен.

Голема пресметка ќе биде и меѓу Реал Мадрид и Челси, како реприза на ланската сезона, кога во истава фаза „кралевите“ на чудесен начин ги елиминираа „сините“ во продолженија.

Посебна приказна се италијанските екипи, кои „се наместика“ така што невозможно е да има две од нив во финалето. Но затоа, голема е веројатноста да имаат барем еден финалист, откако Милан и Наполи со нашиот Елиф Елмас, ќе се соочат во четвртфиналето, а потоа ќе играат со победникот од Интер – Бенфика.

Финалето е на 10 јуни, на „Ататурк“, во Истанбул.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

Реал Мадрид – Челси

Интер – Бенфика

Манчестер сити – Баерн Минхен

Милан – Наполи

ПОЛУФИНАЛЕ

Интер/Бенфика – Милан/Наполи

Реал Мадрид/Челси – Манчестер сити/Баерн

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја претепал поранешната партнерка: Кривична за 48-годишен…

Единицата за насилен криминал – Одделение за…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…

Порше ѝ го продаде својот удел во…

Германскиот производител на спортски автомобили „Порше“ ја…

Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…

Украина и Канада денеска потпишаа голем број…

Преживеана од Аушвиц бара забрана на АфД:…

Претседателката на Меѓународниот комитет за Аушвиц повика…