Војник на КФОР загина во несреќа во Пеќ

t

Војник на италијанскиот контингент на КФОР денеска загина во сообраќајна несреќа кај Пеќ.

Како што информираат од КФОР, војник кој бил на должност во Ново Село, загинал од последиците на несреќата што се случила во 15 часот и 30 минути, додека бил во воено возило ВМ90, покрај патот што ги поврзува општините Пеќ и Клина.

Тој бил во критична состојба и без свест и веднаш со хеликоптер бил префрлен во Приштина, но починал околу 16 часот и 50 минути.

Во возилото во несреќата имало уште еден војник кој во свесна и стабилна состојба бил пренесен во кампот Вилаџо, а потоа испратен во воената болница во Камп Филм Сити, на понатамошни проверки.

Командантот на КФОР, генерал-мајор Озкан Улуташ изрази сочувство, наведувајќи дека неговите мисли се со семејството и пријателите на војникот кој загина во трагични околности.

Посакуваме и се надеваме на брзо закрепнување на вториот повреден војник, изјави Улуташ.

Меѓународната воена полиција моментално ги истражува причините за несреќата, со локални и меѓународни власти, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Урсула фон дер Лајен пречекана во Приштина…

Претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон…

Косовски рапер пее „Секси мама“ на гробот…

Историскиот музеј во Крушево скандалозно му дозволил…

Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени…

Собранието на Косово денеска усвои декларација со…

Девет лица се уапсени под сомнение за…

Девет лица се уапсени на северот во…

Затворен Генералниот конзулат на Косово во Струга

Амбасадата на Косово во Македонија објави дека…