Војската на Нигер ставена во максимална борбена готовност!
Началникот на Генералштабот на вооружените сили на Нигер, Муса Салау Барму, кој беше назначен од бунтовниците, наредил вооружените сили на земјата да бидат ставени во максимална готовност, јавуваат медиумите.
Од моментот на добивање на оваа објава, подигнете ја целата армија во состојба на максимална готовност“, рече началникот на ГШ.
Барму објасни дека одлуката е донесена во контекст на се поочигледната закана од агресија против Нигер, со цел да се избегне општо изненадување, како и да се обезбеди соодветен одговор.
Претходно беше објавено дека бунтовниците кои ја презедоа власта во Нигер го назначија началникот на Генералштабот на вооружените сили, кој беше обучен во САД.
Националниот совет за спас на татковината, формиран од бунтовниците на Нигер, објави дека Нијами го протерува францускиот амбасадор Силвен Ит. Тој мора да ја напушти земјата во рок од 48 часа.
Истовремено, тие ги демантираат информациите кои претходно ги објавија некои медиуми, меѓу кои и агенцијата АФП, дека се протерани амбасадорите на САД, Германија и Нигерија.
Во понеделникот телевизијата „Ал Арабија“ објави дека на воените аеродроми на Економската заедница на западноафриканските држави (ЕКОВАС) започнале подготовките за можна воена операција против бунтовниците во Нигер. Медиумите не прецизираа за кои земји станува збор.
Кон крајот на јули, војската на Нигер го собори од власт претседателот Мохамед Базум. Водачите на повеќето западни земји и ЕКОВАС го осудија пучот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се спрема закон со кој САД и…
Американскиот Конгрес работи на нов закон со…
Над 200.000 луѓе во Србија останаа без…
Над 200.000 луѓе во Пожега, Чачак, Лучани…
Медиуми: Канада се подготвува за евентуална американска…
Канадската војска подготвува сценарија за герилска војна…
Германскиот парламент го одобри законот за војската,…
Германскиот парламент одобри воен закон кој има…
Украинската војска објави видео: Руските постројки за…
Специјалните оперативни сили на вооружените сили на…