Од 600 до 3600 евра казна за невакцинираните во Австрија
Австрија од понеделник го укинува карантинот за невакцинирани, ден пред стапување на сила на одлуката за задолжителна вакцинација против ковид-19, соопшти денеска владата.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер и министерот за здравство Волфганг Муекштајн рекоа дека таа мерка, која беше воведена во ноември, веќе не е потребна, затоа што не постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците, пренесува австриската новинска агенција АПА.
Канцеларот Нехамер рече дека локдаунот за невакцинирани, кој беше воведен во ноември минатата година, бил неизбежна мерка, иако многумина се бунеле против неа.
Австрија е прва земја во Европа која воведува задолжителна вакцинација за возрасни, а според властите, тоа е неопходно поради ниската стапка на вакцинација и заштита на болниците од преоптовареност со ковид-пациенти.
Во Австрија досега се вакцинирани над 75 отсто од жителите.
Надлежните по писмен пат ќе го известат секое домаќинство дека од 1 февруари на сила е ново правило, а од средината на март полицијата со рутински проверки ќе го утврдува вакциналниот статус.
Невакцинираните ќе бидат казнети со 600 до 3600 евра во случај на повторување на престапот.
Во Виена секој виден се одржуваат протести против задолжителна вакцинација.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Реномиран шпански весник: Северна Европа се подготвува…
Иако нордискиот модел денес се соочува со…
Над илјада заразени во Европа од западнонилска…
Повеќе од 1.000 случаи на инфекција со…
ЕУ ќе издвои дополнителни 200 милиони евра…
Европската унија ќе обезбеди дополнителни 200 милиони…
Европа стравува од нов енергетски шок: Цената…
Европскиот енергетски пазар повторно се соочува со…
Франција со сериозно предупредување до Европа: „Ова…
Генералната директорка на француската Генерална управа за…
