Во Албанија дадена првата лиценца за дигитална банка
Надзорниот одбор на Централна банка на Албанија одлучи да даде прелиминарно одобрение за лиценцирање на банката „JET Bank“ (Фаза I), за вршење банкарски и финансиски активности во Република Албанија, објавија медиумите.
ЈЕТ Банк има за цел да биде првата банка во Албанија што работи на целосно дигитален начин, комбинирајќи напредна технологија со едноставен, безбеден и модел ориентиран кон клиентите.
Нејзината мисија е да воведе нов модел на финансиски услуги, различен од традиционалните банкарски модели.
За време на состанокот, Надзорниот одбор бил информиран и за други информации во врска со дневната функционална и оперативна активност на Банката на Албанија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Стерјовски во ОН: Македонците во Албанија…
Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција…
Двојно убиство во Албанија: напаѓачи застрелаа чичко…
Вооружени напаѓачи вчера убиле чичко и внук…
Албанија категорично негира вмешаност во нападот врз…
Албанија категорично ги отфрли тврдењата дека нападот…
42 годишна жена од Македонија загина во…
Тешка сообраќајна несреќа со двајца загинати и…
Во Албанија нема веќе средна класа –…
Тирана секогаш ме асоцира на сонце, расположени…