Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“
„ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана.
Ова не е само формалност – ова е нов почеток! Здружението се создаде со една возвишена цел: да ги обедини сите Македонци во Албанија, без разлика на местото, улогата или политичката припадност. Дојде времето да зборуваме заедно, да дејствуваме гласно и да се избориме организирано за нашите права, идентитет и подобра иднина, информираше Елена Симонофски, претседателка на здружението.
-Здружението ќе ги штити и ќе ги промовира правата на македонското малцинство во Албанија. Ќе биде поддршка за активностите и иницијативите во насока на остварување на своите цели и поддршка на своите членови. Нашето мото е дека заедно сме посилни, заедно сме Македонија, посочи Симонофски.
Симонофски чии родители потекнуваат од Церје, Општина Пустец, родена е во Корча, живее во Тирана, македонски активист, учесник и организатор на донаторски акции по повод празници за Македончињата во Пустец, Голо Брдо и Гора.
Освен оваа асоцијација на Македонците, во Албанија постојат и друштвата „Илинден”, „Преспа”, „Сонце”, „Мир”, „МЕД” и „Прегор”, како и единствената партија Македонска алијанса за европска интеграција(МАЕИ).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент
За време на денешната седница албанскиот парламент…
Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…
Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…
Еди Рама: Никој не може да ме…
Премиерот на Албанија, Еди Рама, изјави дека…