Во Амстердам судири меѓу пропалестински демонстранти и израелски навивачи

t

По фудбалскиот натпревар во Лига Европа меѓу холандскиот прволигаш Ајакс Амстердам и Макаби Тел Авив, синоќа се случиле жестоки судири меѓу пропалестинските демонстранти и израелските навивачи.

Како што пренесе ДПА, локалната полиција соопшти дека привела 57 лица, но не е откриена нивната националност или дали се фудбалски навивачи. Ајакс го доби натпреварот со 5 спрема 0.

Според информациите на амстердамската телевизија АТ5, демонстрантите фрлале со столчиња кон навивачите на Макаби. Мобилните единици на полицијата ги штителе Израелците и ги придружувале до нивните хотели.

Во попладневните часови имало и судири меѓу израелски фудбалски навивачи и безбедносните сили во центарот на градот. Според полицијата, околу десетина лица се уапсени поради нарушување на јавниот ред и мир и недозволено поседување огномет.

Дури и пред натпреварот, наводно имало изолирани расправии во близина на стадионот во југоисточниот дел на градот. Според полицијата, околу 200 демонстранти се обиделе да стигнат до објектот.

Градската администрација претходно забрани демонстрации директно пред арената Јохан Кројф и назначи алтернативна локација во близина за собирот. Сепак, мобилните единици на полицијата ги држеле демонстрантите подалеку од стадионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…