Во Атина над 40 степени Целзиусови
Во 15 часот по локално време, термометарот во центарот на Атина, покажуваше 41 степен Целзиусов, температура екстремно висока за овој период од годината и највисока во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години според грчките метеоролози, јави дописничката на МИА од Атина.
Исклучок се туристите, кои се најприсутни на плоштадот Синтагма и пред грчкиот парламент.
И покрај високата температура и сонцето, опремени со чадори, капи и шешири ја следеа промената на претседателската гарда пред споменикот на Незнајниот војник.
Припадниците на претседателската гарда, т.н. Евзони, кои без разлика дали температурата е под нулата или над 40 степени Целзиусови, се на нивните места, но овој пат во внатрешноста на нивните куќарки.
Нивен колега, војник се грижи да не дехидрираат и постојано им дава вода.
Туристите од друга страна, иако подготвени за топлотниот бран и „опремени“ со сè она што е потребно за заштита, ја користат дури и фонтаната на плоштадот Синтагма, за да се разладат.
Во централната метростаница, токму на плоштадот Синтагма, од вчера, поради топлотниот бран отворена е специјална климатизирана просторија, за одмор и освежување на граѓаните и туристите.
Поради високите температури, археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол, исто како и вчера, така и денеска во периодот од 12 до 17 часот се затворени, како што соопштија од Министерството за култура на Грција и им препорачаа на посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Голем пожар во источниот дел на областа…
Грчките пожарникари од копно и воздух се…
Во Атина над 40 степени Целзиусови
Во 15 часот по локално време, термометарот…
Мицотакис: „Патот кон Европа и напредокот“ за…
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека „патот…
(Видео) Се судрија полицијата и студентите: Инциденти…
Најмалку десет лица се повредени, меѓу кои…
Ќе блокираат автопати и гранични премини: Грчките…
Засилување на активностите односно блокирање на патишта,…