Објавено на:

Во Атина над 40 степени Целзиусови

t

Во 15 часот по локално време, термометарот во центарот на Атина, покажуваше 41 степен Целзиусов, температура екстремно висока за овој период од годината и највисока во првата половина на јуни во последните најмалку 50 години според грчките метеоролози, јави дописничката на МИА од Атина.

Исклучок се туристите, кои се најприсутни на плоштадот Синтагма и пред грчкиот парламент.

И покрај високата температура и сонцето, опремени со чадори, капи и шешири ја следеа промената на претседателската гарда пред споменикот на Незнајниот војник.

Припадниците на претседателската гарда,  т.н. Евзони, кои без разлика дали температурата е под нулата или над 40 степени Целзиусови, се на нивните места, но овој пат во внатрешноста на нивните куќарки.

Нивен колега, војник се грижи да не дехидрираат и постојано им дава вода.

Туристите од друга страна, иако подготвени за топлотниот бран и „опремени“ со сè она што е потребно за заштита, ја користат дури и фонтаната на плоштадот Синтагма, за да се разладат.

Во централната метростаница, токму на плоштадот Синтагма, од вчера, поради топлотниот бран отворена е специјална климатизирана просторија, за одмор и освежување на граѓаните и туристите.

Поради високите температури, археолошките локалитети во Атина, меѓу кои и Акропол, исто како и вчера, така и денеска во периодот од 12 до 17 часот се затворени, како што соопштија од Министерството за култура на Грција и им препорачаа на посетителите да ги преземат неопходните мерки на заштита за да избегнат здравствени проблеми како топлотна исцрпеност и топлотен удар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Здравески од ИЈЗ: Ако излегувате надвор…

Ако надвор е 39 степени, клима уредите…

(Видео) Се судрија два противпожарни хеликоптери во…

Во текот на гаснењето на пожарот западно…

Познат адвокат во Атина до смрт претепан…

Во полн ек е истрагата за смртта…

Топлотниот бран во Европа е толку голем…

Жештината се гледа од вселена над Европа,…

Пукање во центарот на Атина: Четворица повредени,…

Грчката полиција започна потера по 89-годишен осомничен…