Во Белград се одржа протест на група просветни работници
Дел од наставниците денеска протестираа на платото пред Филозофскиот факултет, поради незадоволството од договорот меѓу репрезентативните синдикати и Владата на Србија и поддршката за студентите кои ги блокираат факултетите.
Во знак на протест, претставниците на Самостојниот синдикат на наставници „прогласија генерален штрајк во училиштата“, а тој синдикат претходно повика на прекин на работата и покрај тоа што четири репрезентативни синдикати објавија дека постигнале договор со српската влада за зголемување на платите и дека затоа ставаат мораториум на штрајк.
На протестот пред Филозофскиот факултет учествуваа и студенти кои ги блокираат факултетите, јавуваат медиумите.
Протести на дел од просветните работници се одржаа и во Нови Сад, Ниш, Крагуевац и Лозница.
На протсетите им се придружиле и родителите на учениците од некои училишта кои ја прекинаа работата, со намера, како што наведоа, да им дадат поддршка на воспитувачите кои одбиваат да предаваат.
Во училиштата во Србија денеска почна второто полугодие, а премиерот Милош Вучевиќ по средбата со министерката за образование Славица Ѓукиќ Дејановиќ изјави дека наставата се одвива во повеќе од 80 проценти од училиштата во Србија.
Српскиот премиер Вучевиќ рече дека за утре закажал владина седница, дека ќе се донесат конкретни одлуки, а од утре просветниот инспекторат ќе ги посети училиштата што ја прекинале наставата спротивно на законот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вандали запалиле контејнери со ѓубре во Ново…
Скопје нема да биде заложник на вандали,…
Здруженијата на лица со дијабетес бараат сензори…
На одбележувањето на Светскиот ден на дијабетесот…
ШОКАНТНО ВИДЕО: ИВА МИХАИЛОВА ТВРДИ ДЕКА Е…
Шокантно видео објави на Јутјуб бугарскиот новинар…
САД разгледуваат намалување на военото присуство во…
Намалувањето на американското воено присуство во Европа…
Митовски: Човек ми раскажа дека мајка му…
Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, во…