Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Во Берлин физички е нападната сенаторката за економија и поранешна градоначалничка Франциска Гифи од Социјалдемократската партија на Германија, (СПД).
Ова е трет последователен напад врз владини политичари за само неколку дена.
Гифи вчера попладне била нападната од непознат маж во библиотека во Берлин со удар со торба во главата, по што и била укажана прва помош.
По нападот напаѓачот успеал да побегне.
– По првичниот шок, сега сум добро. Благодарна сум за добрите желби и се враќам на работа, изјави Гифи денеска.
Минатиот викенд во Саксонија беше претепан и тешко повреден кандидатот на СПД за изборите за Европскиот парламент, Матијас Еке, додека лепел изборни плакати.
Непосредно пред тоа беа нападнати и политички активисти на партијата Зелени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ахмети: Се прават планови во црвените подруми…
Одлуката што ја донесе ДИК и ја…
Израел брутално ја напаѓа Газа додека советникот…
Израелски авиони и тенкови ги нападнаа областите…
СО „ХОНДА“ УДРИЛ ВО ПОЛИЦАЕЦ! Турски државјанин…
Денеска (19.05.2024) во 02.50 часот, полициски службеници…
Се чека исказот на Палчо: Истрагата за…
Влатко Кешишов, Велибор Манев и Боре Видевски,…
САД и ЕУ внимателно ги следат информациите…
По веста дека хеликоптерот со кој се…