Објавено на:

Во Берово вчера наврнале 57 литри/м2 дожд

t

УХМР вчера соопшти дека во невремето во Берово наврнале 57 л/м2 дожд, додека во Охрид, каде исто така имаше силно невреме, наврнале 36 л/м2. Како што наведуваат од УХМР, дадените вредности за количината врнежи се измерени на нивните дождомерните места. Поради локалноста на процесите, паднатата количина воден талог многу варира и на различни места може да е многу поголема од измерената, нагласуваат од таму.

Од пладневните часови имаше локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи. Наместа процесите беа поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град (Охридско-Струшкиот Регион, Пехчево, Виница, Берово, Тиквешијата, Радовишкиот Регион, Струмичко и Штипско).

До 17 часот дожд врнело и во Пожаране – 24 л/м2, во Струмица седум л/м2,а со помал интензитет и во Крива Паланка, Претор, Демир Капија,  Прилеп, Тополчани, Маврови Анови и Штип.

Највисока температура од 33 степени се измерени во Штип, Демир Капија, Кавадарци, Гевгелија, 32 степени во Струмица и велес, 30 во Скопје, 29 во Прилеп, 28 во Берово и Крива Паланка, во Претор 27, во Охрид и Тетово 26, во Крушево и Лазарополе 23, 22 во Маврови Анови и 20 во Попова Шапка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зимата се врати: Најстудено во Берово, измерени…

Во Берово утрово се измерени минус шест…

Нема салмонела во мострите од храната во…

Резултатите од земените мостри од храна и…

Уште кај три деца од градинката во…

Центарот за јавно здравје од Кочани попладнево…

Берово, Кавадарци, Куманово и денеска меѓу најзагадените…

Берово, Кавадарци, Куманово денеска се најзагадени градови…

Најстудено во Берово, најтопло во Дебар

Во Берово утрово е најстудено, со измерени…