Објавено на:

Во биолаборатории во Украина се експериментирало и со коронавирусот – тврди руското министерство за одбрана

t

Во биолошки лаборатории финансирани од САД во Украина се вршени експерименти со вирусот корона кај лилјаци , изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Целта на биолошкото истражување во Украина, кое е финансирано од Пентагон, е да се создаде механизам за тајно ширење на смртоносните патогени, посочи тој.

„Посебен интерес предизвикаа деталните информации за спроведувањето на американскиот проект на територијата на Украина за проучување на преносот на патогени на дивите птици кои мигрираат меѓу Украина и Русија и другите соседни земји“, додаде Конашенков.

Според него, документите покажуваат дека американската страна планирала да работи на патогени кај птици, лилјаци и влекачи во Украина во 2022 година, со натамошна транзиција кон проучување на можноста за пренесување на африканска свинска чума и антракс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Херојот кој беше убиен во Вејце –…

почит кон споменот на бранителот Бобан Трајковски,…

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на…

Уште еден голем успех на хрватските лекари.…

Пожар зад Универзална сала

Пожар избувна предмалку во куќа на улицата…

Медведев во негов стил: Ќе ги победиме…

Русија ќе победи во борбата против новите…

Мицотакис: Грција нема да испрати Патриот или…

Грција нема да ѝ испорача на Украина…