Објавено на:

Во битката за Бахмут загинале помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници

t

Помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници се убиени или повредени во битката за Бахмут од минатото лето, соопштија западните власти, пренесува Би-Би-Си.

Големи загуби претрпе и украинската армија, но западните власти не ги потврдија податоците што вчера ги презентираше рускиот министер за одбрана. Сергеј Шојгу на Телеграм објави дека само во февруари Украина загубила 11.000 војници во таа битка.

„На Вагнер му снемува борци“

Западните власти веруваат дека на руската платеничка група Вагнер ѝ снемуваат борци и опрема. Нивниот лидер Евгениј Пригожин рече дека тоа е резултат на „бирократија или предавство“. По шестмесечни борби, градот се уште не паднал во руски раце.

Западните власти исто така истакнуваат дека во моментов нема индиции за голема руска инвазија. Русија направи многу скромен напредок во текот на зимата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинците се пофалија: Овоивме село јужно од…

Укаинската амрија се пофали денес дека нејзините…

Зеленски го посети фронтот кај Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека ја…

Украински командант тврди: Заробивме руски војници во…

Командантот на украинската армија Александар Сирски тврди…

Српски доброволец загина во Бахмут: Бил член…

Гласините дека двајца српски доброволци загинале во…

Руското МО: Киев распоредува војска околу Бахмут,…

Киев концентрира неколку бригади за офанзива во…