Во БиХ стапи на сила забрана за пушење во сите затворени објекти
На територијата на Босна и Херцеговина започна да се применува правилникот за забрана за пушење во сите затворени објекти.
Правилникот стапи во сила пред шест месеци, но им се остави простор на угостителските објекти да се адаптираат.
Законскиот предлог предвидува дека правните лица кои нема да забранат употреба на тутун ќе платат глоба до 5.000 марки (околу 2.500 евра), додека физичкото лице кое консумира тутун во затворен простор ќе се казни со глоба од 100 марки (околу 50 евра).
Казните ќе почнат да се наплатуваат за шест месеци.
Во Босна и Херцеговина (БиХ), тутунски производи користат речиси еден милион луѓе, од околу 3,5 милиони жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Вратено македонското знаме во Гостивар, полицијата…
Македонското знаме е вратено на место откако…
Контрола во угостителски објект во Охрид, затекнати…
На 28 ноември 2026 година, во 00;30…
Ужас: Најмалку 30 мртви во армиски напад…
Најмалку 30 лица беа убиени во напад…
Нетанјаху е спремен да му ја предаде…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е…
Од 10 до 15 декември Скопје ќе…
Скопје ќе биде новогодишно украсено во периодот…