Објавено на:

Во Велес фатен затвореник избеган од Идризово

t

Во Велес синоќа во 21:30 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода велешанецот Х.Б.(48), кој бил баран од Казнено – поправната установа Затвор Идризово – Отворено одделение Велес поради бегство од установата, соопштија денеска од МВР.

Имено, околу 19:30 часот од установата било пријавено дека Х.Б. не се вратил во установата и по преземени мерки, после два часа, тој бил пронајден и лишен од слобода. При преглед кај него биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и пари. Исто така, неговата 43 – годишна сопруга пријавила дека околу 20.00 часот, додека бил во домот, физички ја нападнал, се појаснува во соопштението.

Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на казната, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…

Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…

(Видео) Силна експлозија пријавена во Техеран, активна…

Силна експлозија наводно се слушнала во населбата…

(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…

Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…

Претставници на новата управа на ТВ Нова,…