Во Вермонт, САД – македонските војници се обучуваат за атомска, биолошка и хемиска одбрана
Ова е тимот од македонската Армија кој е дел од Националната гарда на Вермонт. Се обучуваат за атомска, биолошка и хемиска одбрана.
„Моментално се наоѓаме на терен и учествуваме заедно со одделение од Њујорк во извидување и подигнување на контаминирани примероци“, вели Оливера Томовска.
„Нашите тимови заедно со тимовите единиците од америчката армија, соработуваат заедно, и споделуваат искуство и се интероперабилни. И самата опрема што нашата Армија ја има е приближно иста со опремата што ја америчката војска ја користи“, додаде Генс Дилавери.
Генерал мајор Грегори Најт се сеќава за искуството од Македонија. Вели тоа е највпечатливо во неговата 40 годишна кариера.
„Ако погледнете каде бевме пред 30 години и каде се сега. Просто е неверојатно. Голем број споделени искуства. Станува збор за взамна корист на илјадници војници и воздухопловци од Северна Македонија и Вермонт. Тоа е навистина вистинската придобивка од програмата со која градиме идни лидери. Тоа искуство е непроценливо за нас“, порача Генерал Мајор Георги Најт – Вермонт.
„Веќе креираме процеси и активности во следната декада. Навистина големо и позитивно е чуството да се биде со пријателите и браќа по оружје така што и продолжуваме со ист и зголемен интензитет на вежби и обуки кај нас и во заеднички операции кои ги предвидуваме за наредните 10 години“, додаде Васко Ѓурчиновски.
Во напредокот на армијата лично се увери и министерката за одбрана Славјанка Петровска која е во официјална посета на САД.
„Она што мене особено ме радува се впечатоците кои ги споделуваат припадниците и на македонската армија, но и на американската армија и националната гарда на Вермонт. Заради тоа што не само преу бројните обуки, туку и споделување на искуството меѓусебно, споделување на знаењето и она што е најважно, учеството во заедничко и различни мисии, операции но и се почесто во заеднички вежби покажува навистина дека го оправдуваме тоа што го зборуваме дека е партнерство“, вели Славјанка Петровска.
„Вер“ од француски што значи зелено и „Монт“ што значи планина. Така се добива името Вермонт. Полигонот „Итан Ален“ во Вермонт е полето за обука и домот на Армиската планинска војничка школа, седиштето на борбениот тим на 86-тата пешадиска бригада.
„Ова е Монтпилиер, главниот град на Вермонт. Ова е најмалку населениот главен град на држава во Соединетите држави. Брои малку над 8 илјади жители, но може да се пофали со националната гарда која е најстарата компонента на вооружените сили на САД. Јовица Пауноски, ТВ21, Монтпилиер, Вермонт“, вели репортерот на ТВ21.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кушнер: САД работат на најголема размена на…
Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп…
Во меѓународна акција на Европол уапсени 354…
Во меѓународна полициска акција координирана од Европол,…
Седум од десет Европејци сакаат ЕУ да…
Околу 71 отсто од Европејците сакаат Европската…
Трамп го молел шефот на „Енвидиа“ да…
Американскиот претседател Доналд Трамп во вторникот телефонски…
Савески со апел до граѓаните: Не молчете…
Државниот јавен обвинител Ненад Савески упати директен…