Во Гевгелија и Дојран утрово најтопло, најмногу врнежи во Скопје – Петровец
Во Гевгелија и Дојран утринава до 08:30 часот измерени се 21 степен, најсвежо е во Берово, 10 степени. Од УХМР информираат дека во изминатите 24 часа најмногу дожд наврнал во Скопје-Петровец, шест литри на метар квадратен, а најмалку на Зајчев Рид, Крива Паланка и Берово – еден литар на еденица површина. Во Виница, пак, се измерени четири литри на метар квадратен.
Но, како што информира УХМР, овие вредности за количините врнежи се од дождомерните места. Поради локалноста на процесите, водниот талог многу варира и во различни делови количината може да е многу поголема од измерената.
Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ индексот ќе изнесува 9. Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 38 степени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…
ЕУ ги почна преговорите за бесплатен роаминг…
Европската комисија ги започна преговорите со Србија,…