Во Германија затворени и последните три нуклеарни централи
Првично беше планирано последните три нуклеарни централи Емсланд, Исар 2 и Некарвестхајм 2 да бидат исклучени на крајот на минатата година, но нивната работа беше предложена поради проблеми со снабдувањето со електрична енергија како резултат на рускиот напад врз Украина.
– Излегувањето од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја прави нашата земја побезбедна бидејќи ризиците што ги носат нуклеарните централи се непремостливи, изјави германската министерка за заштита на животната средина Штефи Лемке (Зелени).
Група научници вчера ја повика германската Влада да го пролонгира затворањето на нуклеарните централи.
– Поради големата закана што климатските промени ја претставуваат за животот на нашата планета и поради очигледната енергетска криза во која се соочуваат Германија и Европа поради прекинот на испораките од Русија, апелираме до германската Влада да ги остави преостанатите три нуклеарни електрани во функција, се наведува во отвореното писмо на научниците испратено до германскиот канцелар Олаф Шолц.
Во писмото, кое меѓу другите го потпишаа и добитниците на Нобеловата награда за физика Клаус фон Клицинг и Стивен Чу, се наведува дека нуклеарните централи треба да се задржат поради „очигледните предности на процесот на климатски промени“.
– Овие електрани снабдуваат 10 милиони домаќинства во Германија со електрична енергија, која се добива на начин што не ги забрзува климатските промени. Со тоа Германија годишно заштедува 30 милиони тони штетен јаглерод диоксид, се наведува во писмото потпишано од дваесет научници.
Научниците укажуваат на други земји во Европа, како што се Франција, Полска или Велика Британија, кои се откажаа од затворањето на своите нуклеарни централи во последните години.
Според резултатите од анкетата на јавниот сервис АРД, 59 проценти од испитаниците оцениле дека таквата политичка одлука е погрешна, додека 34 отсто ја сметаат за исправна.
Одлуката за повлекување на Германија од системот за снабдување со електрична енергија од нуклеарните централи ја донесе владата на поранешната канцеларка Ангела Меркел (ЦДУ) по нуклеарната катастрофа во Фукушима, Јапонија во 2011 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборите во Израел без јасен победник: Арапите…
Претседателот на левичарската партија Демократи, Јаир Голан,…
Трамп: Наскоро состанок меѓу Путин и Зеленски
Американскиот претседател Доналд Трамп очекува дека наскоро…
Арагчи: Нов израелски напад врз Иран би…
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи предупреди…
Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на…
Потпретседателката на Главниот одбор на Српската напредна…
САД НАРЕДИЈА ЕВАКУАЦИЈА НА ДЕЛ ОД ПЕРСОНАЛОТ…
Американскиот Стејт департмент наредил повлекување на дипломатскиот…