Во Германија има уште 700.000 слободни работни места, економијата ја спасуваат странски работници

t

Германскиот пазар на труд веќе би пропаднал без странски работници, а минатата година најголем број нови вработени дојдоа од земји надвор од Европската унија, пред се Украина и Индија, објави во средата Федералната канцеларија за вработување во Нирнберг, информира Хина.

„Во периодот од јуни 2022 година до јуни 2023 година, 53.000 Украинци се вработиле во Германија, а во исто време 24.000 Индијци се вработиле“, изјави директорката на Федералната канцеларија за вработување, Андреа Налес.

Таа рече дека лани најголем број од оние кои се вработиле во Германија се од некоја од земјите надвор од Европската унија.

„Овој тренд ќе продолжи и во иднина“, рече Налес, посочувајќи на демографската состојба во Германија, но и на фактот дека се помалку граѓани од новите земји на Европската унија доаѓаат да работат во Германија.

Тие се соочуваат и со демографски проблеми и со намалување на бројот на работоспособни граѓани“, вели Налес.

И покрај благото зголемување на стапката на невработеност, во Германија се уште има 700.000 непополнети работни места.

„Оние кои моментално немаат работа, без разлика дали се староседелци или имигранти, ќе биде се потешко и потешко да најдат работа. Затоа што најчесто се работи за луѓе кои се постари или кои немаат никакви квалификации“, изјави Налес.

Во Германија во моментов има 2,8 милиони работоспособни луѓе без постојано вработување, што одговара на стапка од 6,1 отсто.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија изгубила речиси милион и пол војници…

Русија изгубила околу 1.474.030 војници во Украина…

Синдикалната кошница за август тежи 68.675 денари

Вредноста на синдикалната кошница за август 2026…

Европа се соочува со нов раст на…

Европа повторно се соочува со летен топлотен…

Најмалку девет загинати во руски ракетен напад…

Најмалку девет луѓе загинаа, а 33 се…

Европа ги зголемува армиите: Германија достигна највисок…

Германија значително го зголемува бројот на припадници…