Во ГОБ „8 Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија
Во ГОБ „8 Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе може да се користи и за пациентите од други оддели.
Како што истакна премиерот Димитар Ковачевски кој присуствуваше на пуштањето на салите, и покрај сите предизвици од економската и енергетската криза, обновувањето на здравствените капацитети не престанува.
Во ГОБ „8-ми Септември“ денеска беа пуштени во употреба три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија. Салите се опремени со најсовремена апаратура која, освен за кардиолошките, ќе
Според него, се создаваат услови за најсовремени интервенции за пацентите ширум државата, а фокусот на Владата е да создаде модерно здравство.
-Пуштаме во употреба најсовремена опрема во три сали за интервентна кардиологија и радиологија со десет апарати. Се работи за најсовремена опрема, еден дел од апаратурата е прв пат тука инсталирана во држава и не постои во ниту една друга јавна здравствена установа, а помага и за кардиолошки пациенти и за пациенти од други оддели, напомена Ковачевски.
Министерот за здравство Фатмир Меџити оцени дека со трите нови сали се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти.
-Заедно со премиерот ги видовме трите сали за кардилогија и интервентна радиологија опремени со нови ангиографи. Со ова се создадени услови за интервентни кардиолошки и радиолошки процедури кои во исто време може да е практикуваат на повеќе апциенти, истакна министерот.
Директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов рече дека со новата опрема ќе се намали времето на чекање за правење коронарографии, каротидографии и стентирања.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Пожар на гасна платформа во Иран:…
Пожар избувна на платформата SPD14D во рамките…
Хегсет ги отфрли обвинувањата за воени злосторства:…
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, денес…
МОН најавува поголема поддршка за науката: Пристап…
Министерството за образование и наука соопшти дека…
Трамп рече дека не планира нови напади…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира…
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…