Во Грција потврдени 72 случаи на мајмунски сипаници

t

Во Грција се потврдени вкупно 72 случаи на мајмунски сипаници, три повеќе од минатата седмица, а сите се мажи на просечна возраст од 36 години, согласно седмичниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина.

Потврдените случаи се на возраст од 19 до 61 година, а 20 од заразените (28 отсто) пријавиле патување во странство во периодот на инкубација на болеста.

Од ЕОДИ соопштија дека случаите веќе оздравеле или оздравуваат во генерално добра клиничка состојба.

Додаваат дека во Европа, од мај годинава, има зголемен број заразени со мајмунски сипаници, а до 20 септември биле регистрирани 24.256 случаи во 44 земји.

Првиот случај во Грција беше регистриран на почетокот на јуни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…

Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…

Вечерва ќе се прска против комарци на…

Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…

Теле било спасено на Китка, ама директорот…

Навистина е спасено теле во пожарот на…

Пожар кај Пробиштип се шири во близина…

Сериозен пожар попладнево избувна во селото Гујновце,…

Иранската државна телевизија емитувала закани до синот…

Иранската државна телевизија емитуваше сегмент на Канал…