Во Грција регистриран рекорден број на новозаразени од ковид-19
Вчера Грција забележа нов рекорден број на инфицирани со коронавирусот за еден ден, соопштија тамошните власти, додавајќи дека тоа е доказ за големата заразност на новиот вид омикрон.
За 24 часа во Грција се заразени 21.657 лица, што е двојно повеќе од заразените во понеделникот, кога беа пријавени 9.284 нови случаи од кои повеќето во Атина и Солун. За исто тоа време починале 60 лица. Од почетокот на епидемијата досега починале 20.557 лица.
Министерството за здравство во понеделникот соопшти дека рестораните и баровите во Грција од 3 јануари на полноќ ќе бидат затворени, а на масата ќе може да има најмногу шест лица. Во таа земја, угостителите, келнерите и другиот персонал ќе мора да носат ФФП2 маска или две потенки маски една врз друга. Оваа мерка важи и за граѓаните кои одат во супермаркети и за оние кои користат јавен превоз. Вработените во фирмите и државната администрација 50 насто од работата ќе треба да ја преселат дома. Тие мерки ќе важат до 16 јануари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…