Во Дебар доделени 47 социјални станови
Денес во Дебар се одржа свечената церемонија за доделување на клучевите од 47 социјални станови, наменети за граѓаните кои ги исполниле условите согласно јавниот повик и законски утврдените критериуми.
На настанот присуствуваа претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, како и градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела.
Церемонијата го означи успешното завршување на проект од особено социјално значење, преку кој 47 семејства добија трајно станбено решение. Становите им беа доделени на корисниците кои ги исполниле законски утврдените критериуми, меѓу кои лица без соодветно станбено решение, деца без родители или родителска грижа по навршување на 18 години, корисници на гарантирана минимална помош, лица со попреченост, семејства со лица со попреченост, припадници на ромската заедница и лица погодени од елементарни непогоди.
Во своето обраќање, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека Владата останува посветена на спроведување политики кои го подобруваат животниот стандард на граѓаните, нагласувајќи дека проектите за социјално домување ќе продолжат и во иднина. Тој им посака на добитниците многу здравје, среќа и нивните нови домови да бидат место на мир, сигурност и семејна благосостојба.
Министерот за транспорт, Александар Николоски, ја потенцираше важноста на овој проект како дел од институционалните заложби за обезбедување достоинствени услови за живот на социјално ранливите категории граѓани и истакна дека Министерството ќе продолжи да поддржува проекти кои придонесуваат за развојот на општините и подобрување на условите за живот.
Од своја страна, генералниот директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Марјан Стефановски, нагласи дека реализацијата на овој станбен објект е резултат на успешна меѓуинституционална соработка и претставува потврда за посветеноста во обезбедувањето трајни станбени решенија за семејствата на кои им е тоа најпотребно.
Во своето обраќање, градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, изрази благодарност за континуираната поддршка од Владата и државните институции кон Општина Дебар, истакнувајќи дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните. Тој ги истакна и капиталните инвестиции што моментално се реализираат во Дебар, меѓу кои и изградбата на новиот булевар во непосредна близина на станбениот објект, кој се финансира во рамките на проектите од унгарскиот кредит, со вкупна вредност од околу 2 милиони евра за Општина Дебар.
Општина Дебар изразува благодарност до Владата на Република Северна Македонија, Министерството за транспорт и Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор за успешната соработка и поддршката во реализацијата на овој значаен проект од социјален карактер.
На крај, Општина Дебар им честита на сите добитници на становите и им посакува добро здравје, среќа, благосостојба и многу убави моменти во нивните нови домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од дрон заврши на плажа во…
Дел од дрон бил пронајден во близина…
ДУИ: „Зошто ВЛЕН не се осмелува да…
Молкот пред величењето на геноцидот е толеранција,…
Властите во Непал предупредуваат за можни нови…
Непалските власти денес предупредија за можноста од…
Финскиот претседател убеден дека Русија нема да…
Финскиот претседател Александер Стуб во интервју за…
Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да…
Јапонската метеоролошка агенција издаде денеска посебно предупредување…