Во Делчево уреден парк со цитати од Библијата каде што се споменува Македонија
Во Делчево е уреден уникатен парк со цитати од Светото писмо, во кои се споменува Македонија, а кој веќе привлекува внимание кај посетителите и прераснува во нова туристичка и духовна атракција во градот.
Паркот е лоциран пред соборниот храм „Св. Кирил и Методиј“, а во него се поставени 27 мермерни плочи, од кои на 26 се испишани библиски цитати и стихови во кои директно се споменува Македонија.
Според градоначалникот Иван Гоцевски, паркот претставува симболичен спој на верата, историјата и македонскиот идентитет.
– Делчево доби уникатен парк, кој има духовно, културно и едукативно значење. Овој простор сведочи за историското присуство на Македонија во библиските текстови и ја истакнува поврзаноста на македонската традиција со христијанското наследство – изјави Гоцевски.
Цитатите на мермерните плочи се поврзани со мисионерските патувања на апостолот Павле и неговото дејствување на македонска почва, меѓу кои е и познатото Македонско видение.
Од Општина Делчево посочуваат дека паркот има повеќеслојно значење – духовно, културно и едукативно, но и потенцијал за развој на верски и културен туризам.
Со својата уреденост, симболика и пораки, паркот претставува место за духовен мир и почит кон пишаниот збор, а мермерните плочи остануваат трајно сведоштво за поврзаноста на Македонија со библиското наследство.
Паркот е инвестиција на Општина Делчево.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Потпишан договор вреден над 40 МИЛИОНИ ДЕНАРИ…
Делчево ќе добие реконструирана и модернизирана градска…
Кривична за директорот на Комуналното од Делчево…
Директор на јавно претпријатие во Делчево заработи…
Ова е младиот херој од Делчево кој…
Градоначалникот на Делчево денеска му додели плакета…
БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…
Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…