Во ЕУ на “куково лето”: Петков предложил сите барања кон Македонија да станат дел од преговарачката рамка
Бугарски „Капитал“ јавува дека на вчерашната владина коалициски совет, премиерот Петков дал предлог за излез од комплицираната ситуација, кој е катастрофален за Македонија. Прашање е дали ЕУ ќе го прифати тој предлог.
Бугарски „Капитал“ јавува дека за време на коалицискиот совет, премиерот Петков предложил нешто што се поклопува со сите досегашни радикални барања на официјална Софија.
Според присутните, тој предвидува условите што ги постави Бугарија да бидат вклучени во преговарачката рамка на Македонија со Европската комисија (ЕК). Во пракса тоа значи дека позицијата на Бугарија ќе стане став на ЕК. И на овој начин ќе се гарантира исполнувањето на бугарските услови. Но, вклучувањето на условите во преговарачката рамка зависи и од согласноста на другите земји-членки на ЕУ.
Сличен начин за излез од ќорсокакот пред петочната средба навести и копретседателот на „Демократска Бугарија“ Христо Иванов. „Нашите очекувања се поврзани со заштитата на човековите права. Тоа се теми поврзани со основните критериуми за општиот прием во процедурата за прием, таканаречените Копенхашки критериуми.
Коалициските партнери беа информирани и за силната посветеност на францускиот претседател Емануел Макрон за изнаоѓање излез од спорот и за веројатноста премиерот Петков и претседателот Раден да бидат поканети да го посетат Париз на почетокот на јуни за да разговараат за ова прашање.“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Бугарија дава по 50 евра помош за…
Близу 550.000 Бугари ќе добијат по 50…
Македонците во Бугарија реагираат на изјавата на…
ОМО „Илинден“ – Пирин ги отфрли тврдењата…
ХОРОР ВО БУГАРИЈА: Татко си го убил…
Денес, околу 11:20 часот, пристигна пријава за…
ТЕСЛА ВЛЕГУВА ВО БУГАРИЈА СО ТРИ ГОЛЕМИ…
Во последната една година Бугарија стана лидер…