Во ЕУ оптимисти: Чекале до вторник Белград и Приштина да најдат решение за табличките 

t

Европската комисија денеска изрази надеж дека преку преговори меѓу Белград и Приштина ќе биде изнајдено „соодветно решение“ за спорот околу пререгистрацијата на возилата во Косово пред истекот на крајниот рок в понеделник.

Како што рече портпаролот на Европската комисија, Ерик Мамер, Белград и Приштина треба да најдат соодветно решение со посредство на пратеникот на ЕУ, Мирослав Лајчак.

Мамер потсети дека претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вчера од Приштина упати повик двете страни да продолжат со преговорите во рамките на тековниот дијалог.

Портпаролката на ЕК, Набила Масрали, изјави дека „има уште три дена” до крајниот рок што го поставија властите во Приштина, посочувајќи дека „ЕУ се надева на решение”.

„Ставот на Унијата е јасен, не е променет и ќе се чекаме со реакција пред да истече рокот“, изјави Масрали.

Таа потсети и на претходните изјави на портпаролот на ЕК, Питер Стен, кој вчера истакна дека „од најголема важност е да се спречи се што ќе доведе до дополнителни заострувања… и неопходно е во духот на компромисот да се најдат решенија за сите отворени прашања

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…

Будење со звукот на сирените за воздушен…

Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…

Во центарот на Општина Градско, под плаштот…

Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…

(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…

ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…

УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…