(Во живо) Ако Македонците се сложни ни “свети Кале” не може да не’ растури: Пописот ќе води кон уставни измени и федерализација?

t

Во супер тешките муабети вечерва се зборуваше за резултатите од пописот спроведен во 2021 година, а резултатите беа презентирани денес со церемонија во Македонската филхармонија организирана со присуство на целиот државен врв.

Стевче Јакимовски истакна дека Македонците треба да работат на подигање на националната свест и дека политичките елити се менуваат мирно на избори.

– Пописот може да води до уставни измени, нови уставни измени и федерализација на Македонија. Јас не им се лутам на Албанците, тие имаат поголемо национално чувство, почитуваат авторитет, знаат да се организираат и затоа ќе си имаат бенефити. Кој Албанец е виновен што дел од Македонците ги мрзи да се изборат за националните права. Политичките елити се менуваат на избори, нека си излезат Македонците за државата. Свеста треба да се менуваат на избори не со немири и револуции, не треба да се дезориентира граѓанство. Ако имаме ние цврст договор меѓу Македонците не кале, свети кале нема да не растури.- кажа Стевче Јакимовски.

Палевски тврди дека во Македонија 30 години има инсталирани атлантистички елити кои немаат доверба од граѓаните.

– Не може Македонците да се виновни за елитите, во Македонија има 30 години исти атлантистички елити. Народот не верува во ваква инсталација, не власт, тоа е инсталација.Албанците ги бројат како говеда и ги вработуваат во администрација, тоа е броење луѓе и ние немаме елита ни политичка ни академнска да се спротивстави на ова. – тврди Палевски.

Милошевски накратко објасни дека Ахмети е единствен политичар кој 30 години е константен во негоите ставови и ги исполнува ветувањата.

– Јас да сум Албанец ќе му направам на Ахмети златен споменик колку што е тежок. Се што кажал се се исполни. Кој од македонските политичари останал доследен на кажаното кон Македонците? – вели Милош.

Следете ја емисијата во живо на следниот линк: https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=979042752800782&notif_id=1648633751107422&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ