(Во живо) Арсовска: Истиот што денес ме нападна ми се закануваше пред шест дена! МВР го снимале телефонот на градоначалничката, па ги пуштиле снимките по медиуми!

t

Ние три години пријавуваме дивоградби, никој не постапува, а пред неколку месеци почнаа и заканите од Висар Ганиу, истакна денеска во гостување во „Тешки муабети“ градоначалниката на Град Скопје Данела Арсовска по нападот врз неа и екипата на Град Скопје денеска во Чаир.

– Тоа е комплет дивоградба, треба да платат 100.000 евра комуналии како и 150-те згради на Висар Ганиу што немаат платено. Има незаконски приклучок на вода и струја, им го поткопале тротоарот на комшиите, може да падне цел бетонски столб и ископано е под тротоарот. Нам ни пријавија соседи таму, се што е на булеварот е надлежност на Град Скопје. Пред некое време пријавивме во МВР, луѓето пак пријавија вчера, има плоча, темели, има втор-трет спрат. Луѓето сакаат да се постапи, некој да ги заштити, објасни Арсовска која истакна дека по барање на вработените во Град Скопје излегла на терен заедно со нив.

Според Арсовска МВР му дозволува да гради, бидејќи се е уредно пријавено во МВР, а градбата е карши самата полициска станица.

– Кога пристигнавме таму пратиле едно момче 25-6 години кое почна да урла дека имал право да гради, пет фамилии ќе живееле таму, имале право да градат. Јас му реков дека не требало него да го пуштат, имаат право да градат ако си платат комуналии и во тој момент ме напаѓа командантот на УЧК, објасни Арсовска.

За видеата кои беа објавени на провладини медиуми градоначалничката вели дека двете снимки се службено прибавени од МВР, што значи дека некој од МВР ги испратил снимките до медиумите.

Истиот човек ми се закануваше на Фејсбук од пред 6 дена, јавно е објавен, вели Арсовска.

Следете ја емисијата во живо во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Во живо) Арсовска: Истиот што денес ме…

Ние три години пријавуваме дивоградби, никој не…

МВР ја потврди сообраќајката во Геге, повредената…

Девојче попладнево е прегазено на тротоар во…

(Видео) Арсовска: Полицајци гледаа додека насилникот ме…

Пред очи на полицајци ме удираше со…

МВР потврди: Арсовска била нападната во Чаир!

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска…

Арсовска: МВР одбива да ги прими пријавите…

МВР одбива да ги прими пријавите за…