МВР потврди: Арсовска била нападната во Чаир!

t

Градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска денеска околу пладне била нападната во општина Чаир, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи за „Слободен печат“.

Според официјалните информации нападот во СВР Скопје го пријавило лице со иницијали А.Ј. ОД МВР велат дека Арсовска не сакала да го пријави настанот и се упатила во „8 Септември“.

-На 11.07.2025 во 12:15ч од страна на А.Ј. во СВР Скопје пријавено е дека при извршување работни задачи на ул.”Кумбара” физички била нападната градоначалничката на град Скопје Данела Арсовска и дека повеќе лица и упатувале вербални закани. Истата не сакала да поднесе пријава за настанот по што се упатила во ГОБ 8 Септември за укажување лекарска помош – се вели во информацијата од МВР.

Нападот следува откако Арсовска јавно зборуваше дека има закани по живот и поднесуваше пријави против градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…

Акција на МВР со ДЕА: Запленети над…

Крим полиција уште еднаш ја потврдува својата…

Полицајци полово вознемирувале и краделе од мигрантка…

Министерството за внатрешни работи информира дека полицајци…

Скопјанец снимен како од камион истура градежен…

50-годишен скопјанец е откриен и казнет откако…

БРАВО! 18-годишен делчевец пронашол лични документи и…

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен…