(Во живо) Арсовска: Не планираме да рушиме нечии куќи за да се спроведе проект – Мостот АСНОМ ќе се заврши во предвидениот рок

t

Во денешната епизода на “Наше Скопје” градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска објасни дека мостот АСНОМ веројатно ќе се заврши во предвидениот рок, а новото раководство разговара со граѓаните за да ги реши проблемите со експропријација.

Дојдоа да се снимаат на снег кај мостот на АСНОМ за да кажат дека не работи. Сите проекти се такви, по ист шаблон, практично отпочнувате, го пуштате тендерот, некој го склучува и зема пари кои му се загарантирани и сега сме изгибени во времето.

Јас како човек а и новото градско раководство нема никаква намера да на луѓето им руши куќи за да некој реализира проект.

Јавното добро и интерес треба да бидат заштитени, да се растерети сообраќајот, ама треба да се разговара со луѓето.

За три и пол години претходното раководтво решило 32 проблеми, ние за 4 месеци решивме 84, ама пристапот мора да е човечен за да се решат проблемите.

Мостот веројатно ќе се заврши во предвидениот рок.

И сакам да им се заблагодарам на институциите кои го реија проблемот токму со таа куќа каде мостот завршуваше во дневна соба. – објасни Арсовска.

Следете ја емисијата на следниот линк:https://www.facebook.com/watch/live/?ref=notif&v=1384157105357593&notif_id=1650911435891017&notif_t=live_video_explicit

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешка сообраќајна несреќа утрово во Скопје, целосно…

Тешка сообраќајка незгода во која учествуваа две…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

Завршен народен собир на политичката партија Левица…

ДИВ ЗАПАД: Скопјанец грабнат, претепан, прободен со…

Вчера во 07.40 часот во Полициската станица…

КРИВИЧНА ПРИЈАВА за поранешниот градоначалник на Ѓорче…

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија…